Зеленски: Нова серија борбени авиони Ф-16 пристигна во Украина
Нова дополнителна серија борбени авиони Ф-16 пристигна во Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На онлајн прес-конференција тој ги демантираше информациите за соборување борбен авион Ф-16 од страна на Русија.
-Русите лажат дека таму собориле нешто, ништо не собориле, рече Зеленски.
Како што беше претходно објавено, на 6 февруари, Воздухопловството на вооружените сили на Украина доби засилување од првите француски борбени авиони Мираж 2000 и Ф-16 од Кралството Холандија.
20.03.2025 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа