Затворен автопатот Скопје-Тетово во двата правци поради големиот пожар кај Желино
Автопатот Скопје-Тетово е затворен во двата правци поради голем пожар што избувна во атарот на општина Желино.
Како што претходно објавивме, пожарот е подметнат со запалени гуми кои биле пуштени да се тркалаат, што укажува на намерно предизвикување на инцидентот.
Пожарникарските екипи се на терен и интервенираат.
19.07.2025 - 14:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа