Започнува голема наградна игра во пресрет на вториот роденден на Diamond Mall – главна награда автомобил Geely Cityray

 

Под мотото „На наградите им нема крај“ од денес започнува наградната игра во Diamond MallНаградната игра го означува почетокот на одбележувањето на вториот роденден на Diamond Mall, а ќе трае сѐ до 26 октомври 2025 година,  месецот кога се одбележува вториот роденден.

Главната награда е најновиот модел на автомобилот Geely Cityray, а дополнително на тоа предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди од по 25.000 денари, осум парични награди во вредност од по 10.000 денари и 10 парични награди во вредност од по 5.000 денари.

За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони.

Пoкрај наградната игра Diamond Mallподготвува и дополнителни изненадувања. Во финална фаза се подготовките за отворањето на најголемиот фитнес центар, кој ќе ги понуди последните трендови во оваа индустрија, адаптирани според денешниот начин на живот.

Уникатната понудана Diamond Mallќе биде збогатена и со новиот бренд Funky Buddha, кој ќе биде вистинско изненадување за сите љубители на урбаниот стил. Планирани се и дополнителни изненадувања и нови содржини кои ќе бидат достапни наскоро.

Diamond Mallофицијално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на „лајф-центар“ стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава. Со површина  од  7.000м2, разноликата понуда од едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone), врвната гурманска понуда во „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue) и разновидната шопинг понуда, Diamond Mall, станува препознатливо место во градот.

Купоните за учество во наградната игра ќе може да се подигнат на пултот воDiamond Mall,  а повеќе детали за наградната игра, ќе најдете на веб страницата https://diamondmall.mk/en/campaign/rodendenska-nagradna-igra .

01.09.2025 - 13:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега