Запален автомобил на паркинг во скопско Ново Лисиче
Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека ноќеска на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ во општината Аеродром било запалено патничко возило.
Противпожарната бригада на Град Скопје информираше дека интервенирале со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.
Материјалната штета се проценува на околу 9.000 денари
13.05.2025 - 09:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа