Заев до новинар: Еех, колку сте интересни со ова прашањата (ВИДЕО)

Премиерот Заев на денешната прес-конференција беше прашан кога Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, а новинарот Матеја Петровски доби неочекувана реакција.
-Премиере, првпат на 28 јуни 2018-та година кажавте дека Македонија добила датум, т.е. објавивте селфи од авион. Потоа уште неколку пати кажавте дека Македонија добила датум за старт на преговори со ЕУ за вчера да кажете дека сте разочарани од Румен Радев што Македонија нема датум. Кога Македонија конечно ќе го има тој датум?, беше прашање, по што Заев одговори: „Еех, колку сте интересни со ова прашањата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








