Вреди: Како сериозен политички субјект сме против употребата на нуклеарното оружје и заканите

 

Политичката партија ВЛЕН, која е дел од актуелната владејачка коалиција, денеска соопшти дека ја поддржува посветеноста на стратешките партнери за зачувување на регионалната и глобалната безбедност.

„Како сериозен политички субјект дел од владата, сме против ширење и употреба на нуклеарното оружје и нуклеарните закани и во таа насока даваат поддршка на силната и одлучна активност и дипломатија на нашите партнери во насока на постигнување на целта“, се наведува во соопштението на партијата.


 

Од ВЛЕН додаваат дека Македонија останува посветен партнер на САД, НАТО и Европската унија, потенцирајќи ја важноста на стабилноста и дијалогот во денешниот свет.

„Северна Македонија е посветен партнер на САД, НАТО и ЕУ. Нам ни треба свет во кој безбедноста и дијалогот се вредности што никој не смее да ги руши“, се вели во партиското соопштение.

23.06.2025 - 11:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега