Возел дрво пијан и излетал од коловозот: Заврши во полиција
На 02.07.2025 околу 20 часот на регионалниот пат с.Лесново- Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово.
Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
03.07.2025 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа