Возач (22) фатен со 2.05 промили алкохол во крвта

 

Приведен бил возач од кривопаланечко затоа што управувал возило под дејство на алкохол, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, ноќеска во 00:17 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј., на возраст од 22 години.

– При контрола на патниот сообраќај, на улица „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, што го управувал А.Ј. и по преземени мерки, констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.05 промили алкохол во крвта, истакнуваат од МВР.

По целосно документирање на настанот, како што додаваат, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

12.08.2025 - 13:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега