Во Газа загинаа 232 новинари
Канцеларијата за медиуми на владата на Газа денеска соопшти дека бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232.
Најновата жртва е фоторепортерот Адам Абу Харбид, соопшти Канцеларијата, додавајќи дека „најостро го осудува систематското убиство и целното насочување кон палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“.
Во објавата на платформата Телеграм, Канцеларијата апелира до Меѓународната федерација на новинари, Федерацијата на арапски новинари и новинарските здруженија низ светот да ги осудат, како што се наведува, „систематските злосторства против новинари во Појасот Газа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа