ВМРО: Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?

 

Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ? Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС. Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување. Барањата на ССМ се барања направено во СДС, велат од владејачката партија.

Додаваат дека усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција.

04.03.2025 - 09:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега