ВМРО: СДСМ ја крадеа државата - дадоа 280 илјади евра за Фејсбук реклами
Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. Ова денеска го целат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, кое ние ви го пренесуваме во целост.
280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата.
СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија.
280 илјади евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга.
Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа