ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ, предводена од Груби се докажа дека е до гуша во корупција
Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети на црната листа на САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Партнерот во криминал на СДС, Артан Груби заедно со судијата Енвер Беџети ставени на црна листа на САД.
Причината за која се ставени на црна листа на САД, е тоа што Артан Груби и Енвер Беџети, се вмешани во значителна корупција преку примање мито за поткупување судски процеси поврзани со Мијалков.
Со ова се докажува дека на партнерот на СДС, ДУИ воопшто не му е грижа за народот, туку и протестите пред Уставен суд се само една драма за да ги скријат своите криминали.
Овие луѓе се срам за Македонија!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа