ФОТО: Град како тупаница кршеше возила и прозорци - Невремето остави слика како по бомбардирање во Бугарија

 

Бугарија вчера беше зафатена од силно невреме, а градот со големина на тупаница направи најголеми штети во селото Тенево. Градот кршеше прозорци, покриви на куќи и оштетуваше возила.

- „Сè започна со дожд, кој постепено премина во град. Ситуацијата беше ужасна. Најголема штета беше во јужните и централните делови на селото. Уништени се повеќе од 1.500 хектари посеви. Имаше и пцовисан добиток“, вели Нели Ројдева, секретарка на селското здружение.

- „Ужасно е, сè изгледа како по бомбардирање. Повеќето луѓе немаат осигурување за своето земјоделско земјиште“, додаде таа.

Силниот град создаде хаос и во Нова Загора. Уништени се повеќе од 25.000 хектари земјоделско земјиште.

 

 

27.05.2025 - 09:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега