ВМРО-ДПМНЕ: Владата во ООН гласаше усогласено со САД

 

Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, СДС во очај и љубоморат на сопствената држава. Владата гласаше целосно усогласено со САД.

Ова денеска ВМРО-ДПМНЕ го испрати како реакција на соопштение на СДСМ. Од Владејачката партија велат дека Владата е посветена силно на зајакнување на односите со САД.

-Жално е да се каже, но соопштението на СДС за надворешната политика на владата не е ништо друго, освен изворна љубомора и очај за сопствениот политички рејтинг. СДС лажно се претставуваше прозападна партија, а всушност е партија на комунисти. СДС лажно се претставуваше за пријател на САД, и го користеше прозападниот сентимент на народот, тоа сега го гледаат и граѓаните и нашите стратешки партнери. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена силно на зајакнување на трансатлантското партнерство му се допаѓа тоа на СДС или не, тоа ќе продолжи. П.С. Зошто прес-конференцијата на Филипче се најавува за утре, а не денес? Да не случајно е зафатен во Дубаи снимајќи го Заев како пее со Харис Џиновиќ?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

25.02.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега