ВМРО-ДПМНЕ: СДС остануваат глуви и слепи, не знаат кој води истрага за Кочани
Во СДС остануваат глуви при уши и слепи при очи. Речиси секојдневно јавноста е информирана за истрагата што се врши во контекст на случајот во Кочани, се наведува во реакцијата на прес-конференција на СДС, Миле Талески.
„Надлежните тоа го прават во рамки на законските овластувања. Се разбира ако СДС воопшто знаат што е работа согласно закон и процедура. Според приложеното од СДС не знаат ништо, ниту кој води истрага, ниту која институција какви надлежности има, се разбира и да ги прашаме кој за што е задолжен ако го имаме во предвид пресот нема го знаат тоа.
Ваква сеопфатна истрага досега немало ниту за еден случај, како од аспект на вклученост на сите, така и од аспект на ажурност на сите.
За тоа каде е СДС се гледа од нивните пресови. Денеска пратеник од Прилеп излегува и бара одговорност од Панче Тошковски. Каква иронија“, потенцираат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
-Едно е јасно, СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира. Сега од постапките се гледа дека недопирливи нема, владеењето на правото е безусловно, потенцираат во реакцијата на прес-конференција на СДС, Миле Талески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа