ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги понижуваше пензионерите со покачувања од по 59, 75 или 120 денари

 


Најголемата лага во пензискиот систем не се случува денес – таа се случи токму во времето кога СДС ја имаше власта. Тогаш, над 270.000 пензионери беа сведени на статистика и буквално понижени со покачувања кои изнесуваа по 59, 75 или 120 денари. Тоа не беше зголемување – тоа беше навреда за сите оние кои го изградиле ова општество, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека денес СДС манипулира со бројки и проценти, вистината е една – токму таа партија испорача најниско и најнеправедно покачување на пензиите во историјата.

Еве ја табелата што го потврдува тоа:

Датум на усогласување-Зголемување на пензија

31 март 2021-185 денари

30 септември 2021-138 денари

31 март 2022-185 денари

30 септември 2022-808 денари

31 март 2023-1.319 денари

Како што гледаме, во првите три усогласувања, СДС зголеми пензии за 138, 185 и 185 денари – што е срамно ниско и не ги покриваше ни основните трошоци за живот, ниту инфлацијата. За најсиромашните пензионери, ова беше навреда, а не политика на правичност.

И токму тие пензионери, денес добиваат 1.000 денари зголемување, социјално праведно и рамноправно, благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И тоа е само првиот чекор – со новата методологија, до март 2026, пензиите ќе пораснат вкупно за 7.000 денари. Тоа е недвосмислено најголемото зголемување досега.

Додека СДС зборуваше за правда, ја уништуваше една од најважните категории во општеството пензионерите. Денес кога таа неправда се исправува, кога секој пензионер без оглед на висината на пензијата добива вистинска поддршка, се обидуваат да го извртуваат фактот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

24.07.2025 - 13:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега