ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги нарече граѓаните „будали“, бараме итно повлекување и јавно извинување


Најостро ја осудуваме тешката навреда на СДС кон македонските граѓани дека се цитираме: “будали”. Ваквата тешка навреда изречена од некогаш сериозната партија СДС е само отсликување на состојбите внатре во партијата и нивната тотална безидејност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Внатре наместо разумот владее интересот за спас и бегство од одговорност од криминалите. Не е ни чудно што 30 посто според најновите анкети незнаат кој е лидер на СДС.


Таму владеат децата на Заев, а пак Филипче не ја игра ниту улогата на статист. Затоа СДС има рејтинг кој е на ниво на стратистичка грешка, и 4 до 5 пати помал споредено со ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ликуваат и се радуваат што Македонија на патот кон ЕУ ја раздвоија од Албанија и тоа е нивната најголема награда и успех за работењето против својата држава. Откако го искрадоа народот сега го навредуваат дека е будала.

СДС имаат криза на идентитет. Која се пресликува и во соопштенијата. Предавствата ги покажуваат како успеси, а кражбите за реформи.

Ваква навреда за народот не се случила историски ниту во времињата на Марија Антоанета или Луј 14ти или Хитлер и Мусолини. Бараме итно повлекување и јавно извинување од СДС“, велат од партијата.

29.09.2024 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега