ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да престане да работи за СДСМ

 


Ако некој треба да се плаши тоа се организаторите на сето тоа и одговорните. А се што има во тие материјали во текот на постапката ќе биде декласифицирано и објавено во јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Го повикуваме обвинителството да престане да работи за СДС и да одговори на СДС и да не ги штити оставајки простор да држат вакви невистинити и непромислени прес- конференции.

Исто така го повикуваме да одговори зошто после 1 година и кусур нема ниту еден предмет оформено за најкриминалната влада во историјата на државава, владата на СДС и ДУИ, по сите индиции и докази од институциите и по допрен глас, и до кога планира да ги штити и да биде дел од нивното злосторничко здружување?

Овие прес-конференции на СДС кои наликуваат на преплашени зајци зошто се фатени живи, па не знаат што да прават и напаѓаат претајки со се што можат да претаат, и ги проектираат своите стравови кон друг се феномен за психијатриска анализа“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

09.09.2025 - 15:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега