ВМРО-ДПМНЕ: Николовски претставува симбол за земјоделски колапс, а не на успех
Николовски претставува симбол за земјоделски колапс, а не на успех, неговиот мандат беше синоним за хаос и историски ниски откупни цени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Токму поради Николовски лозарите не ги добиваа долгоочекуваните субвенции и беа оставени на милост и немилост на пазарот, без никаква помош.
Јавноста е свесна дека најголеми падови во земјоделството се во времето кога Љупчо Николовски беше министер.
Земјоделците паметат дека субвенциите доцнеа, а цените беа мизерни- тоа е “успехот“ на СДС.
Во време на СДС се истураше грозје зошто имаше катастрофална ниска откупна цена, додека сега разликата уште во првата година се забележа.
Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт се исплатија заостанати и тековни обврски во износ од над 10 милијарди денари
Денеска одгледувачите на јаболка добија субвенции од околу 100 милиони денари.
Откупната цена на Вранецот за 2025 година изнесува 21,3 денари по килограм, а за Смедеревка е 18,9 денари по килограм.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ овозможи многу подобри услови за земјоделците, со навремена исплата на субвенции и покажа дека земјоделецот повторно има партер во институциите.
Се враќа достоинството на македонскиот земјоделец!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа