ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски и други функционери, но и новинари биле следени од безбедносните служби

 


Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личност, на потег се обвинителството и судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека од СДС додека беа на власт не работеа ништо за граѓаните и државата покажуваат и последните информации за случувања во безбедносните служби додека владата беше под водство на СДС.  

Постои основано сомневање дека двете институции како Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност наместо да се грижат за безбедноста на државата тие се занимавале со следење на тогаш опозицискиот лидер, сега актуелен премиер Христијан Мицкоски, како и со други функционери на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и новинари, бизнисмени и слично.

За ВМРО-ДПМНЕ тоа не е ништо ново, бидејќи уште кога беше во опозиција имаше информации дека се следат лица од партијата, пред се од раководството.

Очигледно во тој период имало обид за политичка дискредититација која времето покажа дека не им успеа на СДС. 

Сега на потег се надлежните од правосудството, или да постапуваат обвинителството и судот по овој случај. 

Како партија која силно стои на ставот владеење на правото, заштита на човекови права и сите демократски вредности, ВМРО-ДПМНЕ очекува дека по овој случај и по постапување на правосудниот систем конечно ќе се стави крај на ваква незаконска пракса и на ова кршење на основните демократски вредности.

Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и тие да ја вршат основната функција, заштита на државните интереси“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

02.09.2025 - 09:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега