ВМРО-ДПМНЕ: Гаф на обвинителот - „Лесна“ дисциплинска грешка за Коцевски не е причина за разрешување
Голем гаф на обвинителот. Со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка Коцевски кажува дека доколку е лесна грешка или пропуст, ама да не е тежок тој ќе остане. Кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Јавен обвинител, додаваат од партијата, не смее да има никаков пропуст ако сака и другите во државава кои треба да ги истражува да немаат никаков пропуст.
„Зошто тогаш тие со помал пропуст не ги ослободува како обвинител? Зошто според него мал пропуст не е причина за разрешување. Тогаш мал пропуст, мал прекршок на закон не треба да се санцкионира според таа логика“, додаваат од владејаќката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа