ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го толерира и наградува насилството, Акиов е чувар на фотелјата во мрежата на СДСМ
Филипче и понатаму собира политички поени и неговото молчење е се погласно, што веќе сигнализра одобрување. Очигледно е дека во мрежата на СДС, чуварот на фотелјата, Филипче го премолчува, толерира, па дури и го наградува насилството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Акиов беше клиентелист на Заев и дали поради тоа се чувствува сигурно и не презема одговорност?
Акиов за сите нормални луѓе е насилник, меѓутоа за Филипче тој е човек од доверба, и човек кој тепа во име на политички интерес, а притоа не се срами бидејќи знае дека неговиот ментор молчи, и затоа ни Филипче бара оставка, ни Акиов поднесува.
Дали советниците на Филипче добиваат инструкции за тепање, и дали во СДС има место само за лојални, па дури по цена и ако се насилници?
Филипче се обидува да воспостави контрола на локален терен, и тоа избира да го прави преку насилство.
Уште колку вакви насилници, уште колку Акиовци се кријат низ советите и општините, уште колку тепачи има во мрежата на Заев и Филипче?
Дали СДС ги резервира советничките места за послушници кои се подготвени на се, па дури и на физичка пресметка?
Аки Акиов, член на Советот во општина Кочани од редовите на СДС, е разоткриен.
Време е граѓаните да знаат уште колку вакви тепачи има, и кои од нив се спремни да тепаат по партиска наредба.
Дали истите се шетаат по општините со чувство дека се над законот?
Никој не е над законот. Секој кој го прекршил треба да одговара“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа