Владата најавува вработување на 400 пожарникари: Минатата власт остави катастрофална состојба

 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена и одлучна да ги подобри состојбите во државата. Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, предвидува мерки кои ќе ја трансформираат Македонија и ќе го подобрат животот на граѓаните. Ова го велат денеска од владејачката партија, преку соопштение до јавноста.

- Покрај големите финансиски придобивки и неповратни средства за вработување и самовработување со отворање стартапи и сопствени бизниси, платени обуки, Оперативниот план предвидува и вработување на 400 пожарникари. Со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, ќе следи засилување кадровскиот потенцијал. Заради превенција и подобро справување со шумските пожари, овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба за нив. Во случај на пожар, пожарникарите се тие коишто се на правата борбена линија со огнената стихија за да спасат човечки животи, материјални добра, или во случај на шумски пожари, да ја спасат животната средина. И се тоа, ризикувајќи ги сопствените животи. Токму вака, вложувајќи во човечките ресурси, се цени нивниот придонес и пожртвуваност за општото добро, за безбедноста и здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со одлуката за зајакнување на капацитетите на противпожарните територијални единици со вработување на 400 пожарникари, се придонесува и кон превенција и заштита од пожарите.

- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува целосно посветена во носење на одлуки и проекти во интерес на граѓаните и работи на целосна трансформација на државата, заклучуваат од партијата.

03.06.2025 - 09:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега