Владата ќе субвенционира по 1000 денари за помали сметки за струја
Владата на денешната седница одлучи да ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливата група по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци информираше портпаролката Марија Митева.
„Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се предвидени со оваа програма да се стекнат со финансиска поддрша и тоа намалување на месечна сметка за потрошена електрична енергија од 1.000 денари во времетраење од 12 месеци“, рече Митева.
11.02.2025 - 17:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа