Владата ќе ги замрзне маржите на 10% на производите
Владата нема да ги прифати барањата на и предлозите на трговците, туку ќе одлучи замрзнување на маржите на 10% на производите на мало и големо, дознава Press24 од владини извори. Мерката се очекува да опфати околу 100 производи.
На денешната владина седница на расправа се ставени два предлога, тој за замрзнување на маржите и предлозите кои дојдоа од новоформираната Комора на трговци
Преходно, опозициската СДСМ до Собранието достави предлози за намалување на данокот за електрична енергија од 18 на 5% и за основните прехранбени производи од 10 на 5%. Но од владејчката ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да ги поддржат мерките на СДСМ, кои ги оценија како несериозни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа