(ВИДЕО) „Спасете нè“: Протекоа драматични снимки од пожарот во хотелот во Турција
Најмалку 66 лица загинаа, а уште 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција. Гостите во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство Кемал Мемишоглу.
Пожарот избувнал околу 3:30 часот по локално време на катот каде што се наоѓа ресторанот. Зградата на хотелот Гранд Картал има 12 ката, а во моментот на пожарот таму престојувале 234 гости.
Како што може да се види на снимката која доаѓа од местото на пожарот, луѓето се спасувале така што се спуштале од собите на повисоките катови користејќи врзани чаршафи.
Ски инструкторот Неџми Кепчетутан изјави за турската телевизија како успеал да побегне благодарение на доброто познавање на хотелот, додека гостите кои не биле толку добро упатени имале помалку среќа.
„Луѓето извикуваа од прозорците: „Спасете нè!“, бидејќи внатре имаше многу чад.
Причината за пожарот се уште не е позната. Министерот за правда Јилмаз Тунч потврди дека обвинителите се задолжени за спроведување на истрагата за овој трагичен настан.
Kartalkaya Kayak Merkezi'ndeki otel yangınından çarşafları birbirine bağlayarak kurtuldular. pic.twitter.com/1XYJ3kW678
— TRT HABER (@trthaber) January 21, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа