(ВИДЕО) Никола Станишиќ во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“
Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката – дури 138.714. Големото финале почна во саботата вечер и траеше до раните утрински часови.
Во финалето учествуваа 20 кандидати, а Станишиќ триумфираше пред Елвис Мешиновиќ (второ место) и Зоран Ружиќ Ферари (трето место).
Станишиќ, роден во 2000 година, живее во Скопје и веќе настапува со свој бенд и надвор од Македонија. Вниманието го привлече со интерпретациите на македонски песни.
Во финалната вечер, Никола ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, која ја посвети на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа