(ВИДЕО) Манасиевски: Каја Шукова - идеш во пензија
СДС И Каја Шукова губат прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут.Кој може да очекува од жената која дозволи систематско труење во Скопје и Македонија, и не кажа ниту збор, дека баш сега би направила нешто за подобар воздух? Многу е јасно, Шукова имаше време да направи нешто, да се издвои, но таа својот мандат како министер го преспа во шинелот на Заев, аминувајќи го загадувањето, за бизнис интереси, изјави на денешната прес-конференција Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Шукова е лице на трулата политика на СДС изминатите 7 години додека беа на власт.
Секој скопјанец кога ќе ја види Каја Шукова му текнува на Заев, провизиите за јаглен и набавката на отровен мазут.
Каја Шукова беше министер кој можеше да крене глас, но таа избра да молчи и дозволи и Скопје и Македонија систематски да бидат труени.
Во октомври, Каја Шукова ќе биде испратена во трајна политичка пензија.
Скопје го очекува многу труд и многу работа со Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ, додаде Манасиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа