(ВИДЕО) Ѓорчев од Богданци: Македонија се консолидира и чекор по чекор оди напред

 

Добар ден на сите, поздрав од Богданци од југоисточна Македонија, каде што денес бевме меѓу граѓаните и на пазар и на зелениот пазар, од кафич до кафич, навистина приемот меѓу луѓето, меѓу народот е одличен. Тоа е дека Македонија застанува на нозе, дека Македонија се консолидира, дека ги санираме работите и чекор по чекор Македонија оди напред, порача Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Богданци.

„Тука во овој дел од Македонија имаме голем голем напредок во инфраструктурата, значи потегот од Гевгелија до Богданци имаме нов реконструиран пат, асвалт, цела сообраќајна опрема што навистина е добро за сите граѓани и за повеќе општини во овој дел од југоисточна Македонија.

Имаме раст на пензиите, фокусираност на земјоделието, фокусираност на образованието. Така што Македонија застанува на нозе, Македонија оди напред. Да дадеме полна поддршка на владините политики. Значи, едноставно позитивна порака, порака исто така и со Марјан Пеев да му дадеме силна поддршка за градоначалник на Богданци, за да Владата на Македонија застане зад општина Богданци, да имаме поголем број на проекти којшто исто така ќе бидат имплементирани и преку делот на европските прашања, европските проекти.

Значи, ја имаме тука и Викторија Трајков, заменик министер како еден гест од Владата дека имаме фокусираност на општина Богданци.

Уште еднаш се најубаво, поздрав, одиме заедно“, потенцираше Ѓорчев од Богданци. 

13.07.2025 - 14:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега