(ВИДЕО) Драма во Србија: Вучиќ го прекина Дачиќ и си замина

 


Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го посетија полицаецот во болница за кој рекоа дека бил претепан пред Радио телевизија Србија.

Припадници на Жандармеријата физички се пресметаа со студенти на блокадата пред зградата на Радио и телевизија Србија, која студентите ја блокираа вчера вечер. Како што се гледа на снимката, полицајците со палки удираат студенти додека се обидувале да влезат во зградата на РТС.

Откако Вучиќ даде изјава за синоќешните случувања, се вмеша Дачиќ, кој рече дека „некои медиуми веќе почнале да шират лаги“ и дека „нема полициска интервенција“.

Вучиќ веднаш реагираше на зборовите на Дачиќ и го прекина. „Не можам… Не се лутете, но не можам повеќе да го слушам ова правдање. Ви благодарам многу“, рече Вучиќ, помина покрај Дачиќ пред камерите и си замина. На заминување му рече на Дачиќ: „Ајде правдај се“.

11.03.2025 - 09:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега