Се огласи зетот на загинатиот скопјанец: Југо беше човек кој ги учеше децата да бидат внимателни

 


„Во погрешно време, на погрешно место, во држава во која безредието стана секојдневие… Југослав Николовски, дедо на Теа, Алек и Оги, излезе пред својата зграда на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата и таму, под прозорецот од својот стан, беше убиен од мотор кој дојде од зад грб“, стои во статусот на Бојан Бошковски, зетот на загинатиот Николовски.

Бошковски нагласува дека во моментот на несреќата, на оваа „најпешачка“ зона во Скопје, имало повеќе од 30 деца.

„Југо беше човекот кој се грижеше за целото маало, кој ги учеше децата да бидат внимателни, да гледаат лево и десно кога излегуваат на патеката кон паркот. Синоќа, токму тој стана жртва на хаосот и небезбедноста што владеат во нашето општество. Овој настан уште еднаш потврдува дека никој не е заштитен, дури ни на места кои треба да бидат најбезбедни – пешачките патеки во парковите“, напиша Бошковски.

Тој приложи и фотографии направени во текот на само еден час, кои, според него, „јасно го покажуваат вистинскиот проблем со кој се соочуваме секојдневно“.

02.07.2025 - 15:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега