Велешанецот што го фати крстот нагости кај градоначаникот
Во посета на Општина Велес денеска беше Игор Иванов од велешката населба Превалец кој на празникот Богојавление - Водици ја имаше среќата прв да стигне до Светиот крст во водите на Вардар.
-Посакувам симболот кој го претставува овој крст, Господ Исус Христос, сите да не исполни со благослов, здравје и бериќет.Возљубувајќи го Бога да бидеме возљубени! Верата е за да се практикува, традицијата да се негува, информира на својот профил на Фејсбук, градоначалникот Марко Колев.
Тој годинава беше кум на празникот, а на Игор Иванов од него лично му врачи парична награда. Воедно, Игор Иванов доби плус парична награда и од Општина Велес и други спонзори.
Инаку, 33-годишниот Игор Иванов, татко на три деца по 13 пат влезе во осветените води на Вардар во Велес за празникот Богојасвление – Водици, а за првпат го фати крстот.
Тој во наредните 40 дена заедно со својата тајфа пријатели ќе ги посети и благослови домовите на православните верници од Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа