Велес: Пијан возач без дозвола нападнал полицајци и удирал по полициско возило
Вчера во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.
А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А - „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик - „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа