В сабота „Марш за ангелите“ во Кочани

 

Во сабота, 7 јуни, со почеток во 16:05 часот, во Кочани ќе се одржи деветтото издание на „Маршот за ангелите“, во чест на жртвите од трагичниот пожар во модуларната болница „Пулс“.

Настанот е организиран од родителите и блиските на настраданите, како израз на почит кон починатите, но и како повик за поддршка и солидарност со повредените и нивните семејства. Маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе продолжат кон Трговскиот центар, а потоа ќе се упатат кон Општина Кочани, Полициската станица и ќе завршат пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Семејствата упатуваат јавен повик до сите граѓани што чувствуваат солидарност и поддршка во нивната борба за неселективна правда, да им се придружат на маршот.

Организаторите потврдуваат дека сите надлежни институции се навремено известени за настанот, а медиумите се замолуваат соодветно да го проследат маршот, со почитување на приватноста и болката на семејствата.

05.06.2025 - 17:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега