Ужас во стамбена зграда во Гостивар: 4-годишно дете малтретирано од својата мајка

 


Вчера во 12.05 часот Ф.С. од Гостивар пријавила дека на улицата „Илинденска“ во стан од стамбена зграда, родител односно мајка го малтретирала нејзиното малолетно дете.

Веднаш било постапено по однос на пријавата, во содејство со преставиници од Центар за социјални работи Гостивар, и на посоченото место била затекната М.С. која викала на висок тон и го малтретирала нејзиниот четири годишен син.

По консултација со Јавен обвинител, со возило од Итна медицинска помош, таа била префрлена во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош, додека малолетното дете со преставниците од ЦСУ бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што кај детето биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

05.07.2025 - 12:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега