Ужас на булевар во Тетово: Автомобил покоси две жени

 


Вчера во 20:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(67) од село Мала Речица, тетовско, удрило во пешаците Г.Т.Т.(61) и С.Н.(58), двете од Тетово.


 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Т.Т., додека со телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија од МВР. 

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово. 

08.08.2025 - 15:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега