Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани
Истрагата за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во кој загинаа 61 лице се проширува за 23 нови осомничени, објави „360 Степени“.
Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.
Како што пишува „360 Степени“ 19 од осомничените се приведени или се приведуваат. Само за еден е утврдено дека во моментот тој не е до дрвжавата. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка.
-Според начинот на кој Обвинителство ја води истрагата, сомневањата се дека во Министерство за економија и во ДЗС, но не и кај раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), постои причинско-последична врска од 2012 г. до моментот на пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.
Според нашите информации, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е осомничен, пишува порталот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа