Украински дронови ja уништија најголема руска рафинерија, Москва нема одговор

 

Во синоќешниот напад извршен од Украина, синот напад со дронови доведе до сериозен пожар во една од најголемите рафинерии за нафта во Русија, лоцирана во Рјазан, јави „Киев индепендент“.

Министерството за одбрана на Русија потврди дека во текот на ноќта биле пресретнати 121 украински дрон, од кои 37 над Брјанска област, 20 над Рјазанска област и 17 над Курска и Саратовска област.

Рафинеријата во Рјазан, која има капацитет да преработува 17 милиони метрички тони нафта годишно, беше погодена од нападот, при што најмалку три магацини и работилница беа опожарени. Овој напад уште еднаш ја потврдува сериозноста на конфликтот и забрзаното вклучување на нови методи во војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да „манипулира“ со претседателот на САД, Доналд Трамп, кога зборува дека за војната во Украина сака да преговара со САД.

„Тој сака да манипулира со желбата на претседателот на САД да постигне мир“, истакна Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека е уверен оти ниту една руска манипулација сега не може да успее.

 
25.01.2025 - 10:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега