Украина во одбрана на Македонија: Изјавата на Костадинов е неприфатлива
Украина ја осуди изјавата на бугарскиот политичар Костадин Костадинов.
Амбасадата на Украина во Бугарија, ги осуди територијалните претензии на лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов кој кажа дека Јужна Бесарабија и Македонија треба да се припојат кон Бугарија.
„Во врска со изјавата на лидерот на партијата „Преродба“, испраќаме осуда на изјавата на политичар кој повикува на кршење на нормите на меѓународното право, ги искривува историските факти и промовира прераспределба на границите во Европа. Изјавите на партискиот лидер на „Преродба“ за територијалната агресија против Украина е неприфатлива за политичар на ЕУ и ја потврдува неговата систематска пропаганда на наративите на Кремљ“, стои во објавата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа