Украдени украси и предмети од вечното почивалиште на тапанарот на ДНК, Ѓорги Ѓоргиев

 

Машко и женско лице, два дена краделе предмети од вечното почивалиште на младиот Ѓорги Ѓоргиев, тапанарот на ДНК, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во објава на социјалните мрежи се наведува дека двете лица, краделе украси, цвеќиња, дури украле и метла која била оставена.

-Тато ги фати сине, два дена седеше цел ден да ги чека, ама успеа. Успеа сине како што успеа да ве направи најпристојните деца, во коментар напиша мајката на Ѓорги.

Од струмичката полиција за Курир потврдија дека ваков случај кај нив е пријавен вчера.

-Во Полициската станица Струмица Д.Ѓ.(46) од Струмица пријавил дека од надгробно место на неговиот покоен син лоцирано на Градските гробишта во Струмица биле одземени украси и други предмети. По преземените мерки од СВР Струмица се откриени сторителите на делото, при што е утврдено дека се работи за лицата В.С.(61) и Т.С.(60) и двајцата од село Баница, струмичко, вели за Курир портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Трајанова додава дека имајќи во предвид дека се работи за дело за кое гонењето се презема по приватна тужба, од страна на СВР Струмица пријавителот ќе биде известен за идентитетот на сторителите.

12.04.2025 - 17:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега