УЈП: Од февруари издадени 5.688 уверенија за остварен доход преку новата електронска услуга

 


Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од февруари откако е воведена новата дигитална услуга „Е-уверение за остварен доход“ издадени се 5.688 уверенија со што е заштедено значително време како за граѓаните, така и за службениците на УЈП. 

Покрај ова, како што информира УЈП, модернизирана е и услугата за издавање на „Уверение за состојба на даноци“ со која во изминатите три месеци сите поднесени барања навремено се обработуваат и уверенијата се издаваат во рок од најмногу пет календарски дена.

- Тоа значи дека 100 проценти од уверенијата се издадени во законски предвидениот рок. Во следната фаза, оваа услуга ќе биде целосно дигитална и бесконтактна, овозможувајќи уште поедноставен, побрз и поефикасен пристап за граѓаните и компаниите, велат од УЈП.

Со ова, како што наведува УЈП, како институција ја потврдуваат определбата за современи и ефикасни даночни услуги.

- Нашата цел е јасна – даночните услуги да бидат со висок стандард, брзи, едноставни и доверливи. Сакаме граѓаните и компаниите да добиваат квалитетна услуга со само неколку клика, без непотребни процедури и без губење време. Долгорочната и стратешка определба за трансформација на УЈП е создавање „нов лик“ и „нов амбиент“ – како за даночните обврзници, така и за даночните службеници и соработниците на даночната администрација. Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат, изјави директорката на УЈП Елена Петрова.

26.08.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега