УХМР најавува невреме и намалување на температурите
Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч). Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и в четврток претпладне, информира УХМР.
Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. В сабота локално, а в недела и в понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (од 7 до 10 степени).
Во Скопје променливо облачно и топло со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер, особено ноќта кон четврток. Нови врнежи од дожд ќе има в недела и в понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа