УХМР: До крајот на денот врнежите ќе престанат

 

Времето е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови од државата, со над 15 литри на квадратен метар.

УХМР информира дека на планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, почнувајќи од западниот дел на државата, попладне облачноста ќе се намалува и до крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат.

-Утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 литри на квадратен метар). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со појава на магла или ниска облачност по котлините. Повремени врнежи од дожд, на планините од снег, ќе има во вторник, соопшти УХМР.

07.12.2024 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега