Убавица за која велат дека има идеални пропорции на тело – Брук изгледа сензационално во бикини

Кели Брук снимала нова модна кампања за бренд костими за капење, па со новите фотографии ја израдува машката популација.
Водителката и манекенка Кели Брук поради идеалните пропорции на телото важи за совршена жена, а таа титула ја брани и на 42 години.
Иако од девојката со пропорции 90-60-90 со текот на годините се претвори во жена со облини, таа и натаму редовно добива манекенски ангажмани и мами воздишки.

Така таа сега снимала нова кампања за бренд костими за капење, па во едноделно бикини ги нагласила своите бујни облини поради кои многумина можат да ѝ завидуваат.
Доколку судиме по коментарите кои ги добила под фотографиите на социјалните мрежи, нејзе ѝ се восхитуваат многу од жените и сакаат да изгледаат како неа.

Иако во текот на 2005 година таа значително се здебелила, сепак таа постојано е на врвот на листите на најсексапилните жени, а нејзиното тело во 2017 година беше прогласено за најубаво.
Кели и сама признала дека со текот на годините не можела да го прифати своето тело, но денес таа е самоуверена и го сака тоа што го има на себе.

Инаку, Брук е во среќна врска со францускиот модел и актер Џереми Парис (33) со кој живее во луксузен стан во Лондон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









