Уапсена жена во Кичево - „летала“ со својот автомобил низ градот
Полицијата во Кичево приведе 46-годишна жена од кичевското село Стрелци поради опасно возење низ градот.
Инцидентот се случил на 17 август околу 15:25 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога полициските службеници запреле патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возачката се движела со брзина од 107 километри на час, иако на местото важи ограничување од 50 километри на час.
Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
18.08.2025 - 12:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа