Уапсен жител на Огњанци - предизвикал пожар во скопско
Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61) од с.Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
-Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител, информира МВР.
11.07.2025 - 20:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа