Уапсен прилепчанец со 32,5 килограми марихуана
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
- На 03.09.2025 на магистралниот пат Битола-Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана, која требал да ја транспортира до границата со Република Грција, соопштија од полицијата.
09.09.2025 - 15:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа