Трипуновски: Со низа мерки привлекуваме млади земјоделци
Дојдовме до заклучок дека ситуацијата во делот на структурата на земјоделецот е премногу сериозна. Старосната граница е над 55 години. Што значи дека бидејќи земјоделството е тешка категорија и макотрпна работа, за 5 години ќе имаме малку земјоделци на кои годините ќе им дозволат да влезат во процесот на производство, истакна министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во „Наткаст“ на Курир.
-Затоа решивме преку програмата за рурален развој да креираме сет на мерки со кои ќе привлечеме млада сила која треба да влезе во секторот. Мерките се грантови од 10.000 и 20.000 евра за започнување на сопствен бизнис или надградување на постоечки, во делот на додадена субвенција за мерките кои ги имаме, предност во бодови, распределба на земјоделско земјиште… Клучното што го работиме изминативе месеци, покрај за младите и за останатите земјоделци, е да покажеме дека Владата и министерството работат во интерес да ги подобрат условите, да имаат соговорник од другата страна каде ќе зборат за решавање на проблемите, модернизација на земјоделското производство, рече министерот.
Во наредниот период министерот најави дека ќе им помогнат на младите луѓе да влезат во земјоделскиот процес затоа што изминативе години биле оставени земјоделците сами да се снаоѓаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа