„Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“
Во законодавниот дом денеска ќе се одржи конференција на тема „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“.
На конференцијата, воведни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши и амбасадорот на Швајцарија во Скопје, Вероник Хулман, додека, пак, главно излагање на тема „Градење дигитален парламент: Зошто е важна стратегијата за дигитална трансформација и дигиталните решенија на Собранието“, ќе има генералната секретарка на Собранието Марина Димовска.
Предвидени се и две панел дискусии насловени „Промени, лидерство, капацитет и инклузија“ и „Вештачката интелигенција и иднината на парламентарното управување - парламенти, отворени податоци и вештачка интелигенција“, на кои ќе има говорници од различни области во општеството. Конференцијата ќе ја затвори заменик-генералниот секретар на Собранието Бобан Стојаноски кој ќе говори во врска со следните чекори на Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа