Трамп сака прво прекин на огнот во Украина, па мировни сили

 


Претседателот на САД, Доналд Трамп на средбата со британскиот премиер Кир Стармер изјави дека прво сака да се постигне договор за прекин на огнот во Украина, пред да се разговара за распоредување на мировни сили.

– Мислам дека Русија се однесува многу добро … Мислам дека сме многу блиску до договор, но сè уште не сме го постигнале. Затоа не сакам да зборувам за зачувување на мирот додека не постигнеме договор за придвижување на работите, наведе Трамп.

Стармер ги повика САД да осигурат безбедносен „заштитен механизам“ за кои било европски сили кои би биле дел од евентуалната мировна мисија во Украина.

Тој го пофали Трамп што „го променил тонот на разговорите и овозможи постигнување мировен договор“.

Трамп најави дека утре ќе потпише договор за експлоатација на украинските минерални ресурси со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Американскиот претседател одговарајќи на новинарско прашање се обиде да ја минимизира својата неодамнешна изјава дека Зеленски е диктатор:

– Дали го кажав тоа? Не можам да верувам дека го кажав тоа, истакна Трамп, тврдејќи дека има „многу добри односи“ со Зеленски.

27.02.2025 - 22:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега